понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Со дефиле на противпожарни возила и вклучени сирени пожарникарите на Струмица го одбележаа Денот на пожарникарството

понеделник, 20 мај, 2024 | 12:46
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Со дефиле на противпожарни возила и вклучени сирени пожарникарите на Струмица го одбележаа Денот на пожарникарството

„Противпожарната единица – Струмица е опремена и поседува модерна противпожарна опрема со која можеме да се справиме со сите видови на пожари како и спасување и извлекување на лица од различни катастрофи и несреќи. Нашите пожарникари ги ценат заложбите и настојувањата на надлежните служби кои ни ја обезбедуваат потребната опрема со кој се доближуваме до највисоките професионални стандарди во извршувањето на нашите секојдневни задачи“ – кажа во своето обраќање командирот на Територијалната Професионална Противпожарна единица во Струмица, Александар Гудев на денешната свеченост по повод 20 Мај – Ден на пожарникарството во Македонија.

Скромно, но со дефиле и вклучени сирени на противпожарните возила низ улиците на Струмица, пожарникарите во кругот на Противпожарната единица го одбележаа Денот на пожарникарството. Имаа свечена смотра, а во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов им кажа дека сите струмичани, но и граѓаните од од другите соседни општини, треба да бидат горди и благодарни на нив, затоа што тие, како најголеми непријатели на огнот, се најголеми пријатели на граѓаните.

„За да се биде пожарникар не е доволно само да се биде облечен во пожарникарска униформа. Да се биде пожарникар потребно е под таа униформа да чука едно големо срце исполнето со многу љубов кон професијата, многу љубов кон општината и многу љубов кон своите сограѓани“ – кажа градоначалникот Костадинов.

По повод Денот на пожарникарството, командирот Александар Гудев на институции и поединци со кои соработуваат им додели благодарници во знак на поддршка на нивната секојдневна работа.

Инаку, на 20 Мај 1836 година после катастофалниот пожар што го зафати градот Битола, со повелба на Румелискиот валија е формирана првата организирана противпожарна служба на овие простори. Од тогаш тој ден се смета за Ден на пожарникарството во Македонија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Претрес во Струмица, приведен дилер

Next Post

Владата ги предупредува граѓаните за СМС измама за наводен надомест од 6.150 денари – Не одговарајте на пораката!

Related Posts

Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
Денеска се слави Свети Климент Охридски
Вести

Денеска се слави Свети Климент Охридски

понеделник, 8 декември, 2025 | 07:26

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist