Министерството за спорт вечерва ги додели наградите за најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година. Спортист на годината е кикбоксерот Бобан Илиоски, а спортистка на годината е таеквондистката Милијана Релиќ.
Признанието за најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта го доби Средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица.