Синоќа пред полноќ на магистралниот пат Струмица – Ново Село, помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ 320“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.В.(20) од Муртино, струмичко и патничко моторно возило „Ауди А4“ со струмички регистарски ознаки управувано од П.Т.(18) од Дукатино, струмичко, информираат од струмичката полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.В.(20) и неговиот сопатник П.В.(20) од Муртино, констатирани во болницата во Струмица. Поради сериозноста на повредите двајцата млади се префрлени на клинката „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од струмичката болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.