недела, 6 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Согласност за вработувања низ градинките во Македонија добија повеќе градови, единствен град кој добива 0 (нула) согласности е Струмица – реагираат од СДСМ

среда, 21 мај, 2025 | 11:16
in Вести, Струмица
Согласност за вработувања низ градинките во Македонија добија повеќе градови, единствен град кој добива 0 (нула) согласности е Струмица – реагираат од СДСМ

Од Општинската организација на СДСМ во Струмица и денеска реагираат на проблемот со добивање согласност за вработувања во струмичките Детски градинки, кои веќе цела година чекаат.

„Почитувани родители и сограѓани. Струмичките деца повторно се дискриминирани.

Со несовесната и селективната политика на Владата, сите дечиња од градинките во Струмица „Детска Радост“ и „Виножито“ свесно се ставаат во подредена состојба, заради инаетот кој го тера ВМРО-ДПМНЕ со Струмица, секогаш кога се на централна власт, позната веќе слика и приказна, но овојпат со АПСОЛУТНА НЕГРИЖА кон децата, а со тоа и покажување целосна апатија и кон родителите.

Замислете, откако се власт во државата МАКСИМАЛНО ја игнорираат Струмица по сите основи, па дури и за најмилите и најмалите, каде што политиката не треба да помисли, а уште помалку да вмешува прсти, па дојдено е до следната ситуација.

Струмичките градинки се ставени пред целосен КОЛАПС, заради политиката РАЗДЕЛИ, па ВЛАДЕЈ, со што во последниот бран СОГЛАСНОСТИ за вработувања низ градинките во МАКЕДОНИЈА, единствен град кој добива 0 (нула) согласности, е Струмица, а во меѓувреме дел од градовите кои добија согласности се:

ТЕТОВО – 70 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

КАВАДАРЦИ – 18 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

ГЕВГЕЛИЈА – 3 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

ГОСТИВАР – 10 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

ПРИЛЕП – 32 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

БИТОЛА – 20 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

АЕРОДРОМ – 16 (НОВИ ВРАБОТУВАЊА)

За да биде парадоксот поголем, дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, свесни за АЛАРМАНТАТА состојба, се ставија во позиција на медијатори, па ќе „овозможија“ вработувања во градинките низ Струмица со прекин на овој БОЈКОТИРАЧКИ однос на Владата кон Струмица, за што до ден денес немаме решение!

Колку за илустрација, добро е да се знае дека 10 вработени во градинката „Детска Радост“ го завршиле својот работен однос, по основ пензионирање, што значи дека работно место е веќе вкалкулирано во Буџетот, но инаетот кој го тера Владата со Струмица, забега до таму да ниту тие места моментално не ги овозможуваат за пополнување и непречено работење.

Градинката „Виножито“ има поднесено 6 (шест) барања за вработување, замислите, само 6(шест) и иако истите се влезени во финасискиот план, одговор НЕМА!

Се прашуваме, која цена треба да ја платат дечињата и родителите за вашиот РАЗУМ да преовладее, дека одговорноста за тие деца ја имаат оние кои треба да се грижат за нив, а ВИЕ не овозможувате НИКОЈ да се грижи за нив!?

Ви порачуваме да го спречите овој ХАОС кој вие умислено го креирате, пред да биде ДОЦНА!

Уписот на дечиња во градинките е ставен под голем прашалник, за оние кои треба од септември да ги запишат своите дечиња, затоа ДОЗВОЛЕТЕ НЕПРЕЧЕНО ДА ФУНКЦИОНИРААТ, како што тоа го дозволувате во ТЕТОВО, БИТОЛА, КИСЕЛА ВОДА, ГОСТИВАР, КАВАДАРЦИ итн.

Ако имате за ПАПАЈА, ОКТОПОДИ, МАНГО, ќе најдете и за СТРУМИЧКИТЕ ДЕЧИЊА“ – стои во денешната писмена реакција на ОО на СДСМ Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Кочани продавале „молитви во тегли“ користејки го името на Епископот Стобиски г. Јаков – соопштение од канцеларијата на Струмичката Православна Епархија

Next Post

Синдраковски: На претстојните Локални избори ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста Струмица да ја врати на граѓаните

Related Posts

СДСМ за вечерашната прослава и концерт на ВМРО-ДПМНЕ Струмица
Вести

СДСМ за вечерашната прослава и концерт на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

недела, 6 јули, 2025 | 17:26
Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Вести

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

сабота, 5 јули, 2025 | 12:10
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата интервенирала по случена сообраќајка во Струмица и нашла марихуана во автомобилот

петок, 4 јули, 2025 | 14:22
Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица
Вести

Одржана трибина: Позитивен пример на жени претприемачки во општина Струмица

петок, 4 јули, 2025 | 13:43

ТОП ВЕСТИ

Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори
Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist