Советот на општина Струмица на денешната 33-та седница го разреши Абдуљ Амедов, член на Советот од редовите на СДСМ. Тој три седници по ред не доаѓал на седници, а не го информирал Советот за причините. Според нашите информации тој неколку месеци е во странство.
Амедов е дипломиран правник и на листата на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ на последните Локални избори за членови на Советот на општина Струмица во 2021 година беше позициониран на високото 5-то место, а од оваа листа СДСМ освои 13 советнички места и го има мнозинството во Советот со мандат до октомври 2025 година.
На испразнетото место од листата на советници на СДСМ ќе биде Мери Туџарова. Таа е секретар на Здружението на лица со телесен инвалидитет „МОБИЛНОСТ“ во Струмица, а мандатот ќе и биде верифициран на следната седница на Советот на општина Струмица во почетокот на февруари.