Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на општина Струмица до претседателот на Советот поднела барање за свикување на вонредна седница со единствена точка на дневен ред: „Информација за проблемот со вода за пиење во општина Струмица“, информираше советникот Владимир Ристов.
„Наместо праксата решенија да се бараат на кафе средби, наместо несериозни предлози од страна на градоначалникот Костадинов и празните соопштенија на социјалните мрежи барам информациите за проблемот за вода за пиење да се дискутираат таму каде што и е местото, на седница на Совет. Затоа бараме вонредна седница за да ги добиеме точните информации од страна на институциите, а со цел надминување на проблемот со чистата вода за пиење.
Бидејќи веќе трет ден граѓаните немаат пристап до чиста вода за пиење ја повикувам Општина Струмица да ги преземе соодветните мерки.
Во склоп на своите надлежности ги повикувам надлежните во ЈПКД „Комуналец“ да ги преземат мерките дадени од АХВ и да се придржуваат до планот за водоснабдување во вонредни околности бр. 02-2819/7 од 17.7.2024 година и да превземаат мерки за снабдување со вода за пиење на населението од цистерни.
Граѓаните заслужуваат одговори, граѓаните заслужуваат одговорна општинска власт“ – напиша советникот Ристов.