Членовите на Советот на општина Василево на 28-та седница се изјаснија дека се против отворањето на рудникот за бакар и злато кај Иловица.
По образложението дадено од предлагачот, советникот Ване Андонов од ВМРО ДПМНЕ, советниците донесоа едногласна одлука со која се против отворање на рудник. По предлогот се произнесе и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој нагласи дека со оваа одлука “општината ќе застене во одбрана на здравјето на нашите граѓани, бидејќи со неговото евентуалното отворање би имале многу проблеми, ние, нашите деца, нашите идни поколенија и земјоделието како основен извор за егзистенција во овој крај би бил доведен во прашање, едноставно кажано катастрофа и еколошка бомба“, вели Андонов.