Вчера Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица имало акција за собирање на кабаст отпад од долниот дел на градот. За еден ден биле собрани околу 50 кубни метри отпад.
Од утре комуналното претпријатие ќе започне и со генерално чистење на селата во општина Струмица, почнувајќи од Костурино и Водоча, а во текот на овој месец планирано е чистење на уште неколку села.
„По вчерашната акција за собирање на кабаст отпад во долниот дел на градот, во која за еден ден беа собрани околу 50 кубни метри отпад, покрај редовните активности од утре работиме и на генерано чистење на населените места низ општината. Започнуваме со населените места Костурино и Водоча, а во текот на месецот е планирано чистење на уште неколку населени места. Со допринос од совесните граѓани кои го пријавуват својот отпад и наше континуирано присуство на терен, даваме допринос за почиста околина“, соопштија од ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.