Евакуирани се пожарникарите и цивилите, меѓу кои и градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов кои беа заробени од пожарот над селото Бадилен на планината Огражден. Веста ја објавија пожарникарите на Струмица на Фејсбук страницата со видео во кое се упатуваат кон хеликоптерот за евакуација од теренот.