Од струмичката полиција информираат дека вчера утрото во 06:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица.
При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.
А.П. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.