Синоќа околу 19:30 часот на магистрален пат на делницата од Струмица до село Дабиље, сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „Даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „Пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.