Во текот на изминатата ноќ (4/5 март), во периодот од 22:00 до 04:00 часот МВР спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на цела држава, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 27 возачи на подрачјето на СВР Струмица.
За време на контролата биле санкционирани и други видови на прекршоци, а засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.