Синоќа во 19:30 часот на Цареви кули над Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.С.(34) и В.С.(35), двајцата од село Василево, струмичко. При преглед, кај А.С. била пронајдена марихуана, информираат од СВР Струмица.
Во службен разговор во Полициската станица Струмица, А.С. признал дека во домот поседува и друга количина, која потоа доброволно ја предал на полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.