Синоќа во 21:00 часот кај брана Водоча, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Д.(44) од село Рич, струмичко. При контрола на патничко возило „Киа“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Д., констатирано е дека во возилото превезува бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.
Истата вечер во 22:20 часот кај брана Водоча од слобода е лишен и С.И.(45) од Струмица, кој во товарно возило „Фиат“ со струмички регистарски ознаки, исто така, превезувал бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица.
Од Шумска полиција Струмица возилата и дрвата се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.