Синоќа во 22:00 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од Струмица. При преглед на патничко возило „Сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од негова страна биле пронајдени најлонски пакувања со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.