Почна партерно уредување на центарот на селото Седларци, општина Василево, односно просторот до повеќенаменското спортско игралиште и училиштето.
Од општината информираат дека станува збор за површина од 180 м2 која ќе биде хортикултурно уредена со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе. На простор од 155 м2 ќе бидат поставени бехатон плочки, шест метални клупи за седење, канти за отпадоци и чешма поврзана на водоводната мрежа.
Вкупниот Буџет за сите планирани активности изнесува 420.000 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.