СВР Струмица информира дека вчера во 13:30 часот во СВР Струмица, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13:00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол. За настанот бил запознаен Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.