Од струмичката полиција информираат дека во средата, на 13 септември во 20:50 часот во Полициската станица Струмица, М.С.(55) од село Ангелци, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ф.С.(21). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.