Започна реновирањето на Подрачното училиште „Атанас Нивичански“ во селото Висока Маала, општина Василево. Комплетно се реконструира кровната кострукција на објектот, ќе се поставува нов под во внатрешниот дел на училиштето, нови тоалети, обезбедени се нови печки за греење на дрва, училишни маси и столови, како и компјутер за секој ученик. Донатор на овој проект е „Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği“ од Турција.
„Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците. Верувам дека со нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата општина. Турција е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички можеме да реализираме повеќе проекти“ – вели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.