Општина Струмица подготвува документ „Локална Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027“, заедно со Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица, која ќе го води процесот на креирање на ова стратегија.
Денеска во Домот на АРМ се одржа првата работилница на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за младите во општината Струмица.
На работилницата се разговараше за моменталната состојба на младите, се идентификуваа проблемите и се дефинираа визијата и мисијата за младите.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги поздрави учесниците на првата работилница потенцирајќи дека Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година е многу важен документ за иднината на младите во Струмица.
Од „НОВУС“ велат дека стратешките планови и визијата ќе ги однесат младите на посакуваното место, кон остварлив резултат и јасна цел. „Само стратешко планирање со ефикасна имплементација може да донесат долгорочни придобивки за сите млади од општина Струмица“, додаваат од „НОВУС“.