Вчера во Домот на АРМ во Струмица се одржа завршен настан на проектот „Чист воздух, едуцирај и делуваj” на Еколошкото друштво „Планетум“, на кој беше презентирана интерактивната мапа на загадувачи, а во нејзината изработка учествува и средношколци од трите средни општински училишта во Струмица.
На настанот се презентираа и сите останати проектни активности, беа доделени Сертификати на сите учесници кои учествуваа во проектните активности, а се доделија и 6 мобилни индикативни уреди за мерење на загаденоста на воздухот (за надворешен и за внатрешен простор).
Проектот е поддржан и финансиран од УНДП под покровителство на Амбасадата на Шведска во Македонија, а се реализираше од ноември 2023 година до август 2024 година со континуирано и навремено одвивање на проектните активности насочени кон едукација, заштита од изворите на загадување и предлагање мерки за намалување на аерозагадувањето во општина Струмица.