По машинското гребење, денеска втор слој асфалт започна да се става на улицата „Младинска“ во Струмица на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до мостот на поројот „Крушевска Република“, информираат од општината.
Овој градежен зафат се реализира на вкупна површина од 4.351 м², односно во должина од 480 и ширина од 9 метри.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.298.928 денари обезбедени од Буџетот на Општина Струмица.