Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица од вечерва, секој вторник со почеток во 20:00 часот ќе организира филмска вечер со неколку филмски остварувања.
Вечерва (вторник, 3 октомври) ќе биде прикажан филмот „Ах, љубов моја“ на режисерот Коле Ангеловски, а улогите ги играат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Марија Кондовска, Соња Стамболџиоска.
„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.
Вторник, 3 октомври | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица | Влезница: 250 денари
ФИЛМСКИ РЕПЕРТОАР за месец Октомври:
10.10.2023 – „ТЕ ДУА ЖИМИ МЕНЕ“…
17.10.2023 – „СЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ“ (филм со најмогу номинации за оскар)…
24.10.2023 – Француска комедија…
31.10.2023 – Премиера „М“ – прв македонски хорор…