Синоќа во малата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, струмичкиот СДСМ одржа граѓанска трибина на тема „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“ помина повеќе од успешно“.
Свое обраќање имаа д-р Миле Гогов и д-р Лазе Манев, кои воедно се и кандидати за членови на Советот на општина Струмица на претстојните Локални избори. Двајцата специјалисти говореа за ризик факторите и важноста од навремено препознавање на симптомите. Во своите излагања тие укажаа и на значењето на превенцијата и раната интервенција.
На трибината свое обраќање имаше и претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, кој ја нагласи потребата од поголема едукација на граѓаните и сподели искуства од неговата долгогодишна медицинска пракса.
Од ОО на СДСМ Струмица најавија дека слични активности ќе продолжат и во иднина со цел подигање на свеста за здравјето и превенцијата.