Почитувани граѓани,
Во моменти кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ не може да најде средства за работниците, за социјално загрозените и за семејствата на настраданите и повредените во Кочани, без трошка емпатија издвојува огрмен буџет за концерт и прослава на плоштадот во Струмица и тоа ни повеќе ни помалку, за прослава на општинскиот комитет!
Прашуваме, дали буџетот од 5.000.000 денари е реален и дали оваа прослава заслужува ваков мегаломански тек?
Прашуваме дали имате воопшто грижа за вашиот народ, дали во вас воопшто има грижа на совест?
После екскурзиите низ светот, папаите и морските плодови, сега им дојде време на забавите!
Вакво однесување на владејачка гарнитура досега не е видена!
Ваков презир кон сопствениот народ на сметка на луксузот досега не е почуствуван!
Повикувате на забава во моменти кога народот тагува.
А тагува по платите кои ги ветувавте, по економијата која ја лажирате, тагува по децата свои, тагува за правда!
Господа од ОК на ВМРО ДПМНЕ, отсуството од срам во вашите редови ја носи државата во длабока депресија.
Нека ви се на чест забавите и патувањата на грбот на македонскиот народ.
ОО на СДСМ Струмица