Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашниот 28-ми Конгрес ги објави носителите и коносителите на листите за пратеници за сите шест Изборни единици.
Во Изборната единица 4, во која спаѓа и струмичкиот регион, носител е поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, а коносител е поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Од Струмица и регионот во оваа листа како кандидати за пратеници се: на позицијата број 5 – Борче Цветков, актуелен претседател на ОО на СДСМ во Струмица и на позицијата број 12 – Трајче Милков, претседател на ОО на СДСМ Босилово.