Во врска со информациите објавени на социјалните мрежи, СВР Струмица ја информира јавноста дека настанот кој се споменува се случил по предходно добиени оперативни сознанија, а полициските службеници постапувале согласно законските овластувања.
Лицата за кои станува збор не се жители на населбата Турско Маало, а биле забележани во маалото во доцните вечерни часови, околу 01:00 часот, при што кај нив биле пронајдени предмети кои укажуваат на можни изборни инкриминации.
Се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде дополнително известена.
СВР Струмица ги отфрла како неосновани обвинувањата за незаконито постапување и апелира до сите учесници во изборниот процес да се придржуваат кон законските прописи, да не шират дезинформации и да не ја злоупотребуваат полицијата во политички цели или конотации.
Полицијата и натаму ќе продолжи да работи професионално, транспарентно и во интерес на безбедноста на сите граѓани, стои во рекацијата на СВР Струмица.