Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во стан на улица „Ленинова“ во Струмица. Од екипа на Територијалната Противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а во станот бил пронајден починат З.А.(76) од Струмица. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, односно дека смртта настанала поради задушување од чадот. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица – соопштија од струмичката полиција.