Вчера во периодот од 12:00 до 18:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 48 пречекорување на брзината, од кои 17 во радовишкиот регион, 16 во струмичкиот, 11 во валандовскиот и 29 во гевгелискиот регион. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани, информираат од СВР Струмица.