Вчера во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, информираат од СВР Струмица. Биле констатирани 81 пречекорување на брзината, од кои 43 на подрачјето на Радовиш, 18 на подрачјето на Струмица, 12 во Гевгелија и 8 на подрачјето на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.