Од СВР Струмица со информација за активностите на полициските службеници за време на одржувањето на карневалот во сабота и недела во Струмица.
„Пред и во тек на одржување на манифестацијата Секторот за внатрешни работи Струмица презема низа превентивни, но и репресивни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување на мирно и непречено одвивање на истата.
Во текот на карневалските денови полициското присуство е забележително, полициските службеници на терен преку извршување на своите службени задачи беа во служба на граѓаните и учесниците на истата.
За време на одржување на Главната карневалска вечер на 1 март во сабота, и Детскиот карневал на 2 март во недела, Струмица беше посетена од голем број жители, како од Струмица, исто така и од други општини и држави, но и покрај зголеменото присуство на граѓани и возила, беше обезбедено нивно непречено движење.
Превентивното и видно делување на полицијата резултираше и со тоа што на подрачје на Струмица за време на досегашните карневалски денови не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, ниту пак други настани кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и нивните имоти.
Исто така полициските службеници преку разговор со граѓаните ги потсетуваат за потребата од взаемната соработка и градењето партнерски однос помеѓу полицијата и заедницата, со што се придонесува за поголема безбедност на сите кои живеат во неа.
Ваквото посветено и професионално делување на полициските службеници ќе продолжи до завршување на манифестацијата, 5 март, среда, се со цел обезбедување на безбедно и непречено спроведување на сите активности кои следуваат, а пред се заштитата на животот и имотот на граѓаните, кој е еден од основните сегменти во полициското работење“ – стои во соопштението на СВР Струмица.