СВР Струмица денеска со информација за пожарот кој вчера настанал во стан од зграда на улицата „Васил Сурчев“.
„На 23.11.2023 година во 16:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул. „Васил Сурчев“ во Струмица настанал пожар во стан сопственост на М.Е.(46) од Струмица. Од пожарот, М.Е. вдишал чад и бил пренесен во ЈЗУ Општа болница – Струмица за укажување лекарска помош. Екипа на Територијалната противпожарна единица на Струмица го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“ – стои во денешното соопштение од струмичката полиција.