Од СВР Струмица со информација дека вчера напладне при интервенција на пожарникарите во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица. Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката. Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.