СВР Струмица информира дека вчера околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „Опел Мерива“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(21) од Ново Село, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Б.(51) од Ново Село, констатирани во струмичката болница. Екипа на СВР Струмица направила увид на местото на незгодата за да ги утврди причините за излетувањето на возилото надвор од коловозот.