Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 40 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.