Од СВР Струмица информираат дека во текот на вчерашниот ден бил пријавен физички напад на хигиеничарка во средно училиште од страна на родител на ученик.
Во Полициската станица во Струмица од страна на хигиеничарка вработена во струмичко средно училиште е пријавено дека на 27.11.2023 година на работното место во училиштето била физички нападната од родител на ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Струмица.