петок, 5 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Реакција на Венко Филипче, носител на листата за пратеници на СДСМ во Изборна единица 4

среда, 10 април, 2024 | 14:47
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Реакција на Венко Филипче, носител на листата за пратеници на СДСМ во Изборна единица 4

Денеска од Гевгелија сакам да порачам дека состојбата на теренот и поддршката која ја добиваме од граѓаните е одлична. На терен се потврдуваат сомнежите за местените анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не е ни чудо што никаде ги нема, а регионални штабови отвораат една недела по почнување на кампањата, кажа Венко Филипче, носител на листата за пратеницина СДСМ во Изборната единица 4.

Од ден во ден, од посета во посета, гледам сè поголем ентузијазам кај нашите членови, но и кај сите граѓани кои пристапуваат, разговараат. Состојбата се менува и ВМРО-ДПМНЕ го очекува шокантен резултат, прво на 24-ти април, а потоа на 8-ми мај.

Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува. Постојаните напади и негативна кампања врз мене, без ниедна друга понуда за граѓаните, покажува дека кај нив владее страв. Веќе десет дена од него не слушнавме ниеден конкретен проект, никаква конкретна понуда. За разлика од нив, ние веќе ги презентиравме клучните проекти и секојдневно сме на терен меѓу луѓето.

Имам информации дека тајниот оперативниот штаб за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ спрема црна кампања против мене. Информациите се дека подготвуваат и фабрикувани кривични пријави со цел да ме замолчат или заплашат. Им порачувам дека таквите стратегии само ќе ги влечат повеќе кон дното. Притисоците воопшто не ме плашат, а не треба да се грижат ни граѓаните. Тајните оперативни планови со кои ја фабрикуваат реалноста не поминуваат. Граѓаните одамна го изгубија стравот од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат пак да бидат изманипулирани.

Јас, од друга страна, имам зад себе и дела, а и конкретен план за во иднина. Тука сум да им ги презентирам нашите планови на граѓаните, да се сретнам со што поголем број на луѓе и да понудам помош и поддршка секаде каде што можам.

Во изминатиот период се сретнав со илјадници луѓе и ова ќе продолжам да го правам во кампањата која следи. СДСМ нема од што да се срами, зад себе има реализирано успешни проекти и поважно, има искрени намери за иднината. Со исправени глави можеме да ја бараме поддршката од луѓето и тоа ќе го правиме.

ShareTweetShare
Previous Post

Го укинавме паралелниот увоз на инсулин, ќе продолжам да се залагам за современа терапија – Филипче со порака од Радовиш

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со предизборната кампања во струмичко-радовишкиот регион

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist