среда, 30 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

„Раскази од Пирго“ — промовирана првата монографија за општина Ново Село

недела, 25 мај, 2025 | 14:07
in Вести, Ново Село
„Раскази од Пирго“ — промовирана првата монографија за општина Ново Село

Во Домот на културата „Јане Сандански“ во Ново Село во четвртокот беше промовирана монографијата „Раскази од Пирго — монографски приказ на општина Ново Село“, прво печатено дело кое ги собира сите релевантни информации за општината на едно место, претставувајќи ги нејзините економски и туристички потенцијали и природното и културно-историско наследство. Главен и одговорен уредник е авторот Петар Трајков од Струмица, делото визуелно е збогатено со фотографиите на младите Благој и Филип Костов, а рецензент на монографијата е историчарот Васил Ѓоргиев – Ликин.

„Мотив да се состави актуелниов монографски приказ на Ново Село е предизвикот да се направи опфат на сите податоци кои можат да бидат користени во унапредувањето на Ново Село со регионот. Да се забележат сите природни, демографски и стопански потенцијали, потоа да се воочат промените и да се дејствува во насока на зачувување на природната и еколошката средина, да се искористи целокупниот стопански потенцијал и да се промени правецот на тенденцијата на демографскиот фактор“, стои во монографијата.

Праисториските керамички садови, орудијата од камен и кремен и другите остатоци од периодот на неолитот откриени на наоѓалиштата Сушица во Ново Село и Голема Трпеза во атарот на Старо Коњарево и датирани во седмиот милениум пред нашата ера, како и остатоците од населба од бакарната доба откриена на наоѓалиштето Селиште во подножјето на Огражден, се најстарите траги кои сведочат за древната историја на територијата на денешната општина Ново Село. Историските сведоштва и археолошките остатоци ја оцртуваат историјата на регионот од антиката низ средниот век до денешницата.

Освен географијата и историјата на општината, монографијата ги разгледува и нејзините потенцијали — географската предност на општината како погранична со две земји од Европската унија, историското значење кое може да се претвори во туристички потенцијал, раскошните природни знаменитости, како заштитените Смоларски и Колешински водопади, кои претставуваат потенцијал за развој на рурален туризам, културниот живот, економските потенцијали во општината во областа на земјоделието, но и во индустријата, како и улогата на локалната самоуправа во развојот на регионот. Сегментот насловен „Селата како бисери“ е посветен на претставување на секое од населените места во општината.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Затвореници од Затворот „Идризово“ преку посредници изнудиле пари од мајка на затвореник

Next Post

И покрај дождот се одржа хуманитарната иницијатива „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ – 150 граѓани трчаа низ струмичките улици

Related Posts

Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Струмичкото јавно обвинителство отвори истрага за струмичанец кој се обидел да подметне пожар на викендица

вторник, 29 јули, 2025 | 18:08
Четврток ќе биде пазарен ден во Струмица
Вести

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

вторник, 29 јули, 2025 | 09:49
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица реагира на објави на социјалните мрежи од страна на политичка партија

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:39
СДСМ Струмица реагира: Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал ВИС?
Вести

СДСМ Струмица за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Со нивното соопштение, само потврдија дека правдата е селективна

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:04
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Патниот правец Струмица – ГП „Ново Село“ е затворен за сообраќај на товарни возила, другите возила се пренасочува

понеделник, 28 јули, 2025 | 10:43
ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ: Сега има ред, а СВР Струмица по смената на раководството покажува забележителни резултати
Вести

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ: Сега има ред, а СВР Струмица по смената на раководството покажува забележителни резултати

недела, 27 јули, 2025 | 22:53

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist