На 21.12.2023 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.С.(26) од струмичко. При преглед на патничко возило „Ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од негова страна, била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор извршен со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Р.О. од Радовиш.