Вечерва на доделувањето на наградите на најдобрите маски според жири комисијата на Струмичкиот карневал, Хризантема Рендевска ги објави и разултатите од најдобрите маски, по категории што ги избра публиката преку „онлајн“ гласање на официјалната веб страница на Струмичкиот карневал.
Во категоријата група над 50 учесници, публиката ја избра маската со реден број 37 – „Волшебникот од ОЗ“ на „Газели“ од Радовиш.
Во категоријата група од 30 до 50 учесници, најмногу гласови доби маската со реден број 13 – „Струмичка корида“ на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.
Во категоријата група од 20 до 30 учесници, публиката ја изгласа маската со реден број 34 – „СВЕ-МИР“ на ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово.
Најдобри преку „онлајн“ гласањето во категоријата група од 10 до 20 учесници, е маската со реден број 16 – „Различноста не соединува“ на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица.
Во категоријата група од 1 до 10 учесници, публиката ја избра маската со реден број 28 – „Цвеќиња“ на групата Китка.
Во категоријата група од 1 до 5 учесници, публиката најмногу гласаше за маската со реден број 33 – „Тиквар“ на Багашовски и за маската со реден број 9 – „Планинско чудо“ на Багашовски.
Во категоријата група со алегориско возило најмногу гласови доби маската со реден број 19 – „Копнеж“ на Здружението „Струма“ од Струмица.
За најдобра дебитантска маска, според „онлајн“ гласањето е маската со ред број 3 – „Цветна градина“ на основните училишта „Сандо Масев“ и „Маршал Тито“ од Струмица.