Во раните утрински часови Територијалната Противпожарна единица на Струмица испрати тим од пожарникари – спасители и едно противпожарно возило во Пехчево да помогнат во гаснењето на огромната огнена стихија која се заканува да ги зафати првите куќи на градот Пехчево.
Синоќа повеќе медиуми објавија повик на жители од Пехчево кои бараат од сите да им помогнат.
„Катастрофален пожар прети да гo уништи градот Пехчево и други населени места – повик на сите граѓани кои се во можност да се упaтат кон Пехчево во обид да се спаси градот! Се повикуваат сите институции, фирми и организации од Републиката и се замолуваат сите граѓани од целата држава да се упатат кон Пехчево со цел справување со огнот кој се движи кон градот. Екипите на терен не се во можност да се справат со огнените јазли кои ја зафатија целата шума околу градот и околните села“ – стои во апелот за помош.
Кризниот штаб на Општина Пехчево утрово испрати апел до сите граѓани кои сакаат да помогнат во справување со пожарите, тоа да не го прават самоиницијативно.
„Сите доброволци ги замолуваме да дојдат на збирното место кое е на плоштадот во Пехчево. Само така организирано ќе се оди кон пожарот“ – стои во пораката објавена од страна на градоначалникот.
Оттаму додаваат дека пунктот за донирање на храна и вода е во просториите на Домот на културата во Пехчево и истиот е отворен во 07:00 часот.