Прославата на јубилејниот роденден на „СКОПСКО“ започна синоќа на градскиот плоштад во Струмица.
Струмичани имаа можност преку дигиталното искуство во тн. „СКОПСКО Гајба“ да ја дознаат долгата историја и традиција на култниот пивски бренд и одблизу да се запознаат со процесот на правење на Скопско.
Роденденот не е роденден без музика и вистинската забава ја направија Nina & 2Exit и Игор Џамбазов со Гуру Харе Бенд.
Вечерва започнуваат од 18:00 часот и забавата продолжува со The Ringtones и Нокаут.
Поканата од Скопско: „Дојдете да наздравиме за 100 години традиција и да создадеме нови спомени со нашето омилено „СКОПСКО“!
100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!
Комерцијална објава