Синоќа во 20:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода Х.Д.(33) од Струмица. Вчера тој во раните утрински часови на регионален пат Струмица – Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „Фиат” учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „ИМТ” со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.
Во сообраќајната несреќа на местото на настанот почина Г.Б.(51) од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б.(54), од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.