Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во домот во село Петралинци, струмичко, бил пронајден починат Н.С.(31).
Според соопштението од струмичката полиција, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.