Во Струмица синоќа во 21:30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од струмичкото село Куклиш.
Од МВР денеска информираат дека при преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија.
„Денеска со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. и биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. При претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога. По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението од МВР.