Во четврток, 9 ноември во 20:00 часот во хотелот „Сириус“ Струмица (конгресна сала) ќе биде промовирана стихозбирката на Ице Беличев – „Мелодија на платно“. Промотор ќе биде проф. д-р. Ана Витанова Рингачева.
„Мелодија на платно“ е уметничка слика која наместо со бои, е насликана со зборови, стихови, строфи и секако раскош од емоции кои градат поетски опус од четириесет песни во кои се среќаваат најразлични теми и мотиви…

 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								