Во организација на Здружението „Скај Плус“ од Струмица, на 20 февруари (вторник) во 18:00 часот во Младинскиот центар (зграда на Општина Струмица“ ќе биде промовиран Прирачникот „Како до заштита и безбедност на жртвите на семејно насилство“ – Моделот за соработка на „Скај Плус“ со Општина Струмица, Бизнис заедницата и Струмичката Епархија од авторките Стојне Митева, Катерина Дафчева и Сузана Мицева.
Вторник, 20 февруари | 18:00 часот | Младински центар – Струмица