Во сабота, 30 септември во 18:00 часот во Повеќенаменскиот центар во Босилово (поранешна пицерија „Парк“), ќе биде промовирана книгата „МАКЕДОНЦИ – Милениумски сведоштва за идентитетското име“ од проф. др. Бранислав Светозаревиќ Покорни.
Делото претставува научен труд со комбинација на извори и анализи, посветена на сите знаени и незнаени Македонци низ вековите кои оставиле траги дека се Македонци. Книгата е создадена врз база на над 1000 документи и сведоштва од 32 постоечки и непостоечки држави од сите меридијани при што авторот нашол документи во светските архиви што претставува неизбришлива трага за македонското постоење.
Книгата досега е промоворана во Париз, Венеција, Канели, Карлсруе, Ватерло и во Македонија во Тетово и Битола.
Сабота, 30 септември |18:00 часот | Босилово