вторник, 1 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица

недела, 23 февруари, 2025 | 15:03
in Вести, Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица
Промовирана првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски писатели во светот – Никола Маџиров од Струмица

Во „Литература.мк“ во Дајмонд мол во Скопје, во рамките на „Денови на литературата“, се одржа промоцијата на книгата „Дом во тишина“ на струмичанецот Никола Маџиров, а во издание на „Арс Ламина“.

„Дом во тишина“ е многу значајна книга за современата македонска книжевност. Таа, како и претходната книга на Маџиров во „Арс Ламина“ – „Шестарот на времето“, го собира на едно место распрсканото од Маџиров. „Шестарот на времето“ ги собра сите негови песни, а во „Дом во тишина“ се најдоа сите негови есеи претходно публикувани во светот, на други јазици, но и сосема нови“ – кажа промоторката Оливера Ќорвезироска.

За авторот Никола Маџиров ова е и книга за отсуствата, а неговото привидно отсуство припаѓа на еден дом кој нема димензии.

„Да се зборува за сенката, всушност, прво се поставува прашањето што како деца сме си го поставувале: дали сонцето постои кога е ноќ? Потврдено е… Одредени стихови тоа го потврдуваат, бидејќи сè е кражба, па и месечината навечер краде од сонцето… Затоа сметам дека и сенката постои во темнината. Темнината понекогаш ни помага точно да знаеме каде стојат предметите во домот, бидејќи кога е светло, не ги забележуваме. Кога е темно, точно знаеме каде се, внимавајќи да не се удриме од нив. Стравот од нашето физичко присуство и ранливост ни помага во темнината да ги видиме сите сенки, а секоја сенка е тишината на зборовите. Секој обид да се напише нешто е само парче, дел од обидот да се улови нешто, како некој пасиониран ловец на пеперуги кој по цел ден е во потрага по нив“ – кажа Маџиров.

„Дом во тишина“ содржи и поговор од Владимир Јанковски во кој на мошне прецизен, широк и високо компетентен начин се коментира неговото есеистичко писмо. Според него есеите на Маџиров се песни во есеи, есеизирана поезија. Поетиката на Маџиров е база, темел и на неговите есеи. Дали пишува за јазикот, за поезијата или за конкретен автор, поет… Маџиров никогаш не се одлепува од стихот како метафора за неговиот творечки хабитус. Темите за кои ги има напишано своите најубави песни, Маџиров не ги напушта ни тогаш кога ќе ја напушти песната. Ги носи со себе и во друг жанр, овој пат во „Дом во тишина“ ги носи во есеистиката. Домот, детството, пишувањето, смртта, тишината… се стожерите околу кои се врти и забрзува ова исклучително творештво создадено на македонски јазик.

Изданието содржи триесеттина есеи распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Современи и Епистоларни.

Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено дузина книги на македонски јазик, вклучувајќи ги и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство. Добитник е на поетската награда „Хуберт Бурда“, светската награда за книжевност „ДЈС“ во Кина (2011), европската поетска награда „Левир литерер“ (2015) во Франција, наградата за придонес во современата европска поезија на колеџот „Кингс“ во Кембриџ (2016), главната поетска награда на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019), меѓународната поетска награда „Литричр енд арт нетворк“ во Пекинг, Кина (2021), националната награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ и уште две поетски награди со национален предзнак: „Студентски збор“ и „Ацо Караманов“.

Покрај „Дом во тишина“, издавачката куќа „Арс Ламина“ минатата година ги објави и неговата прва книга за деца „Рокчето“, со илустрации на Анета Илиевска (импринт „Либи“) и „Шестарот на времето“ („Арс Либрис“), со неговото целокупно поетско творештво. 

Изданието содржи триесеттина есеи распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Современи и Епистоларни.

Никола Маџиров напролет најавува и промоција на „Дом во тишина“ во својата родна Струмица. Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk

ShareTweetShare
Previous Post

20 години планинарите на „Ентузијаст“ го организираат маршот од Струмица до вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски

Next Post

Директорот на „Завод и Музеј“ Струмица, Бранко Ѓоргиев ја презентираше Годишната програма за 2025 година

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist