Веќе неколку месеци ЈПКД „Комуналец“ врши реконстукција на кровната површина на Градската капела во Струмица.
Комплетно се заменува кровната кострукција од старите салонитни плочи со нови термо панели, замена на дрвената конструкција, како и поставување нови олуци, термо и хидроизолација. Се врши и санација на калканските ѕидови, се инсталира и нова громобранска заштита, а се санираат сите внатрешни површини од претходните протекувања.
Овие градежни активности за кои ќе се потрошат 6 милиони денари би требало комплетно да завршат во месец мај.